Дефанзивецот и капитен на Реал Мадрид, по мечот со Фарски Острови (4:0), зборуваше и за Реал Мадрид, за неговите амбиции оваа сезона.
Рамос успеа да се изедначи со Икер Касилјас во бројот на настапи за шпанската репрезентација (167) и најави дека се уште не размислува за повлекување, бидејки не ги исполнил сите негови сонови.
„Мислам дека се уште не ми се исполнети сите сонови, инаку ќе се повлечев досега. Сакам да го притиснам копчето за рестарт и оваа сезона да почнеме од почеток со нови возбудувања. По она што ни се случи минатата сезона, со таа неверојатна година, се уште сум гладен, сега посакувам уште еден трофеј да подигнам во ЛШ“, истакна Серхио Рамос.
Тој како капитен е еден од најуспешните во Европа, освојувајки 4 ЛШ трофеи, еден со Карло Анчелоти и три со Зинедин Зидан, кои беа три трофеи по ред.
Извор: sportclub.mk