Себаљос: Те молам Зизу, само не во Арсенал! – ММС
ММС

Објавено на: 09/9/19 3:57 PM

Себаљос: Те молам Зизу, само не во Арсенал!

Дани Себаљос кој ова лето сепак прифати да оди на позајмица во Арсенал, всушност и не сакал да замине од Мадрид.

Марка тврди дека Себаљос очајно и до последен момент барал да не биде испратен на позајмица во Арсенал, иако неговиот почеток со „топчиите“ е доста солиден, тој покажа завидни перформанси и ги собра симпатиите на навивачите во Лондон.

Дани Себаљос на 24 часа пред комплетирање на позајмицата, го молел Зидан да не го праќа во Арсенал, но кога сфатил дека не сметаат на него за прв состав, односно дека ќе биде често на клупа, тој прифатил да игра во Арсенал.

Исто така, во договорот со Арсенал, Реал не дозволил опција за можно купување на Себаљос идното лето.

Извор: sportclub.mk