Жителите од Лешок, Слатино и Варвара ги пребројуваат штетите од вчерашното невреме – ММС
ММС

Објавено на: 09/9/19 3:41 PM

Жителите од Лешок, Слатино и Варвара ги пребројуваат штетите од вчерашното невреме

Жителите од Лешок, Слатино, Варвара и уште неколку шарпланински села ги пребројуваат штетите од вчера кои ги предизвика градот кој паѓаше околу половина час.
Невремето ги уништи речиси сите посеви засадени со зеленчук, а настрадаа и овошките.

Жителите велат дека не паметат вакво невреме.

Невремето проследено со град со големина на орев ја уништи и дел од костеновата шума во атарот на Варвара, а предизвика и штети во селата Слатино, Једоарце Отуње и Сетоле.

Зоран Димовски