Европските произведувачи потпишале меморандум за разбирање помеѓу членовите на здружението „Пивара Европа“ за означување на состојките и енергетската вредност на пивото.
Целта на овој меморандум е на потрошувачите да им понудат разбирливи, препознатливи и точни информации за тоа кои состојки ги содржи пивото кое го консумираат, како и која е неговата енергетска вредност.
Целта на произведувачите од Европа е до 2022 година сите пива да бидат обележани во рамките со одредбите на ЕУ.
Денеска 85 отсто од амбалажите во Европа имаат означенени состојки, а енергетската вредност е неведена на 60 отсто.
Целта на „Пивара Европа“ за следните 12 месеци е да на 90 отсто од амбалажите биде истакнат точниот состав на пивото, а 70 отсто за енергетската вредност.
Потрошувачите така ќе можат да добијат важни информации во моментот на купување што е важен а критериумот при избор на пијалок.