Спасени 50 мигранти во водите на Либија – ММС
ММС

Објавено на: 09/9/19 9:04 AM

Спасени 50 мигранти во водите на Либија

Хуманитарните организации „СОС Медитеран“ и „Лекари без граници“ спасија 50 мигранти заробени на гумен чамец во либиските води, по што ги засолнија на својот брод „Оушн викинг“.

На околу 25 километри од брегот на Либија спасени се една бремена жена, 12 малолетници и 37 мажи – сите од подсахарска Африка.

Либиската служба за спасување не реагирала на повеќе обиди за воспоставување контакт со бродот „Оушн Викинг“, додека властите во Рим и Малта го упатија хуманитарниот брод на своите либиски колеги.