Под мотото „Две езера – две стратешки цели – ЕУ и НАТО” денеска во организација на Министерството за одбрана ќе се одржи планинска тура на Галичица во чест на 8 Септември, Ден на независноста.
Од Министерството за одбрана информираат дека министерката Радмила Шекеринска заедно со припадници на Армијата ќе го искачуваат врвот Лако Сигној на Галичица.
Според МО, учество најавиле членови на владата, амбасадори, одбранбени аташеа.
МИА