Со длабоко измешани чувства на радост и болка, убавина и чемер, сонце и темнина, го одбележуваме овој ден, кој е длабоко врежан во нас кои искрено и патриотски си ја сакаме и почитуваме државата, матичната татковина Република Македонија, татковина и држава на сите Македонци и останати сограѓани кои искрено си ја сакаат како сопствена и своја, каде и да се наоѓаме низ светот.
На овој светол ден, Обединета македонска дијаспора (ОМД) изразува длабока почит и незаборав за сите наши браќа и сестри предводени од визионерите втемелени во нашата химна за навек, преку патриотите кои формализираа меѓународно призната самостојна независна Асномска држава во 1944 и 1991, заклучно сите оние кои на браникот на Република Македонија положувајќи го својот живот, во секој од нас го всадија пирејот, симболот за неуништивост и за опстанок на големиот македонски народ…
.Да ни’ е вечен 8 Септември, денот на Република Македонија, Македонци каде и да сте!
Да ни’ е вечна Република Македонија!