Честитка од Бигорската обител по повод Денот на независноста – ММС
ММС

Објавено на: 09/8/19 10:02 AM

Честитка од Бигорската обител по повод Денот на независноста

Честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Републиката до сите граѓани упати  братството на македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител”, попознат како Бигорски манастир.

-Братството на Свештената Бигорска Обител на сите граѓани на Република Македонија, радосно и срдечно, им го честита Денот на независноста. Вечен им спомен и слава на сите македонски родољупци и слободољупци. Бог нека ни ја сочува Татковината вечна и нека им вдахне родољубие на сите наши политичари, стои во честитката.

Во честитката се наведува дека  8-ми септември 1991 година ја возгласи на целиот свет вистината дека Македонија е достојна за дарот на слободата и за самостоен државен живот.

Исто така се посочува дека она што е воздухот за телото, тоа е слободата за човечката душа и „колку еден народ има поразвиено самосозание, толку повеќе тој ја цени слободата”.

МИА