Млад велешанец тешко повреден во сообраќајна незгода – ММС
ММС

Објавено на: 09/7/19 3:53 PM

Млад велешанец тешко повреден во сообраќајна незгода

Осумнаесетгодишен велешанец се здбил со тешки телесни повреди, откако вчера попладне возилото кое го управувал на патот Велес – Згрополци излетало од патот. Полицијата денеска информира дека возачот е пренесен во Општа болница – Велес за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес.