Научниците што го истражуваат Лох Нес во Шкотска сметаат дека легендарното чудовиште од езерото е веројатно џиновска јагула, бидејќи во водата се пронајдени значителни количества ДНК од јагула, пренесува британски „Индепендент“.
„Во Лох Нес живеат многу јагули и нивна ДНК е пронајдена на речиси сите локации од каде што зедовме дури 250 примероци. Поради тоа, не можеме да ја исклучиме можноста дека она што го виделе луѓето или што мислат дека го виделе и за што мислат дека е чудовиштето од Лох Нес всушност е џиновска јагула“, вели професорот по генетика Нил Гемел, кој го предводеше истражувањето на езерото.
Тој, сепак, нагласува дека се неопходни дополнителни истражувања за оваа теорија да може да се потврди. Експертите порано најчесто сметаа дека чудовиштето би можело да биде фока, ајкула, сом или одамна изумрен вид плесиосаурус, но ДНК-испитувањата такво нешто не потврдија.
Легендата за чудовиштето од Лох Нес е стара 1.500 години, а првото регистрирано видување на чудовиштето е регистрирано пред 565 години.