Србин со часови возел од Холандија за Австрија 33 заклани свињи во комби без ладење – ММС
ММС

Објавено на: 09/7/19 6:40 AM

Србин со часови возел од Холандија за Австрија 33 заклани свињи во комби без ладење

Граничната полиција во германскиот град Пасау сопрела комби на пат од Германија кон Виена, Австрија, и во него пронашла 33 заклани свињи. Полицајците имале што да видат. Свињите биле едноставо нафрлени во багажниот простор на комбито, во кое немало никакви уреди за ладење и основни хигиенски услови, а на топлото време се ширела и смрдеа.

Возачот – 52-годишен Србин, веќе со комбито возел десет часа, а до Виена имал уште најмалку три, пишуваат австриски медиуми. Се претпоставува дека свињите биле транспортирани со цел да ги консумираат луѓе.

Полицијата на лице место ги одзела свињите.