Француските сенатори биле збунети по откритието дека во Сенатот се чуваат биста на Адолф Хитлер и нацистичко знаме и оти бироата со грбот на Третиот рајх биле отстранети неодамна. Тајната ја чувале неколкумина инсајдери, пишува „Ле монд“.
По ова, властите наредиле да се направи список на инвентарот на предметите и документите што зад себе во Сенатот ги оставил нацистичкиот окупатор. Пронаоѓањето во подрумот на бистата на Хитлер висока 35 сантиметри и нацистичкото знаме со димензии од три на два метра шокираше многумина француски политичари. Јавноста, пак, уште повеќе била вознемирена од сознанието дека дел од персоналот во Сенатот до неодамна работел на бироа на кои биле нацистичките грбови со орел, пренесуваат медиумите.
Во текот на Втората светска војна во Луксембурската палата, во која сега е Горниот дом на францускиот парламент, била стационирана команда на германските воздушни сили, па предметите останале уште оттогаш.