Директорот на Градската општа болница „Осми септември“, Христијан Костов ги отфрла како шпекулации, информациите дека таму недосатига кадар, поради што се откажуваат дел од операциите. Тој тврди дека во оваа Болница, не се случило пациент да чека ред за операција, зашто речиси на секое дежурство има по две или три операции.
Според Костов, сепак во работата на Болницата се случува јаз, бидејќи претходно кадарот не бил соодветно планиран:
„Поради несоодветното планирање на кадарот во оваа болница, за жал,заради старосна граница отидоа во пензија за два-три месеци пет анестезиолози, специјалисти по анестезија и анимација на 67, 68 годишна возраст, воедно не било планирано создавање нов кадар нови анестизиолози и дојдовме до овој да кажеме јаз од неколку месеци. Во координација со Министерството, дел доктори ни дојдоа на помош од Клиниката за реанимација и анестезија. Во долгедно време уште двајца доктори кои се ипратени на специјализација од оваа установаќе бидат во редовите на нашата установа и сметам дека најмногу за два до три месеци тој проблем ќе биде решен сто проценти“.
Министерот за здравство, Венко Филипче најавува отворање нови работни места.
„Свесни сме дека стручен кадар не се создава преку ноќ, во таа смисла дозволуваме ротација на кадри од таму каде што ќе има, пред се’ од Клиниката за анестезија, заради тоа што најмногу ни недостасуваат анестизиолози па може да ротираат од останатите болници вклучувајќи ги болниците ширум државата. За таа цел направена е измена во Законот за здравствена заштита со што е дозволено специјалисти да може да вршат дејности во здравствени домови и институции каде што не е регистрирана таа дејност.
„Распишани се огромен број специјализации, близу 1.000, близу 300 суспецијализации за следниот четиригодишен период, а над 200 само за оваа година“, додаде Филипче.