Костадинов: „Рекет“ не ги амнестира од одговорност поранешните државни функционери кои се товарат за криминал – ММС
ММС

Објавено на: 09/6/19 2:06 PM

Костадинов: „Рекет“ не ги амнестира од одговорност поранешните државни функционери кои се товарат за криминал

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов тврди дека се зајакнуваат капацитетите на правната држава.

„Катица Јанева е прв обвинител досега во земјава кој е во притвор како осомничена за злоупотреба на службената положба. Тоа е нешто што беше незамисливо во времето на владеењето на ВМРО-ДПМЕ, кога голем дел од судиите и обвинителите кои беа во директна спрега со режимот на Никола Груевски. Сваровски судството и режимот на ВМРО-ДПМНЕ креираа систем на селективна правда и уривајќи ги сите принципи на правната држава, со што придонесоа за исфрлање на нашата држава од европскиот колосек“, изјави Костадинов денеска на прес конференција.

Случајот „Рекет“ и заминувањето на Катица Јанева од челната позиција во СЈО, според него, не ги амнестира од кривична одговорност поранешните носители на високи државни функции за сите криминали и злоупотреби што, како што рече, произлегле од снимките од масовното прислушување.