„Бовчалак“ е победничката песна на фолк вечерта на „Охридски трубадури“ – ММС
ММС

Објавено на: 09/6/19 1:04 PM

„Бовчалак“ е победничката песна на фолк вечерта на „Охридски трубадури“

„Бовчалак“ е насловот на песната која победи на првата вечер на годинашното издание на Охрид Фест – Охридски трубадури.

Оваа тема со која настапија групата Соната и Катерина Брезева ја доби првата награда како од фестивалското жири, така и од жирито составено од претставници на публиката. Победничкото музичко парче авторски го потпишуваат Цане Петров и Огнен Неделковски.

На првата, односно фолк вечерта на дваесет и шестото издание на овој Фестивал настапија 20 изведувачи.

Денеска пак, втората фестивалска вечер е резервирана за поп музиката. Најдобрите од нив ќе настапат и на најатрактивната Интернационална вечер на Фестивалот.

Оваа година на Интернационалната вечер ќе настапат познати пејачи од регионот и од Европа, меѓу кои дуетот Маја Оџаклиевска – Срѓан Марјановиќ, Марко Кон, Рената Мохорич, Горан Шарац, Лорена, Теди Грубица, Клаудија, Авењу, Дуото Заки, Славен Кнезовиќ, Анѓелко Ано Ѓурашевиќ, Аида Дочи, Толис Дамјанос, Слим Принс, како и шведскиот рок пејач Џим Џидхед.