Пожар над селото Страцинци на Скопска Црна Гора – ММС
ММС

Објавено на: 09/5/19 7:59 PM

Пожар над селото Страцинци на Скопска Црна Гора

Пожар избувна попладнето над селото Страцинци на планината Скопска Црна Гора и се движи кон кумановското село Мојанце. Зафатена е ниско стеблеста шума, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

– Три возила со 10 пожарникари се на терен. Дејствуваме за да се спречи проширување на пожарот во шумата. Зафатена е голема површина од околу три до четири километри, додаде Симоновски.(МИА)