Патот што води кон населеното место Теферич утре од 9 часот до понеделник до 9 часот ќе биде затворен за сообраќај поради изведба на градежни работи, информираат од Општина Кисела Вода.
Од локалната самоуправа ги повикуваат учесниците во сообраќајот да имаат трпение и разбирање додека се одвиваат градежните активности на патот.