Бразилската суперѕвезда Нејмар остана во ПСЖ за тага на цела јужноамериканска држава која последните недели се бори со пожарите во Амазонија.
Дури и селекторот Тите објави дека се надевал дека Нејмар повторно ќе го облече дресот на каталонскиот гигант.
„Јас би отишол на место каде ќе се чувствувам среќен на професионален и личен план бидејќи така можам да бидам подобар во работата“, изјави Тите.
Не е тајна дека Нејмар е психички растроен во моментов и нема никаква желба да заигра за ПСЖ. Нема ни трпение да дојде јануарскиот преоден рок кога ќе биде подготвен за ново бегство кон Камп Ноу.
Извор: sportclub.mk