Баерн оствари рекорден приход – ММС
ММС

Објавено на: 09/5/19 3:32 PM

Баерн оствари рекорден приход

Германскиот шампион Баерн Минхен минатата сезона оствари рекордни приходи од 740,4 милиони евра, објави страницата на германскиот прволигаш.

Тоа е 94 милиони повеќе од минатата сезона, а и профитот исто така се зголеми од 29,5 милиони евра на 52,5 милиони.

– Секако дека сме многу задоволни од финансискиот развој на клубот, изјави претседателот на извршниот одбор на клубот Карл-Хајнц Румениге.

– Имаме добро дефинирана насока и во поглед на работењето и спортот, додаде Румениге.

Извор: denar.mk