На прво место на најпосетувани градови во светот е главниот град на Тајланд, Бангкок.
Овој град е пред Париз и Лондон, покажуваат резултатите од најновото истражување.
Бангкок е најпосетуван град во светот четврта година по ред со 22,8 милиони посетители.
Париз и Лондон се на второто и третото место со околу 19,1 милиони пристигнувања, а потоа следи Дубаи со 15,9 милиони.
Списокот го продолжуваат два града во југоисточна Азија, Сингапур и Куала Лумпур кои го заземаа петтото и шестото место.
Според истражувањето кое опфатило 200 градови, во првите десет се сместија уште Њујорк, Истанбул, јапонскиот главен град Токио и турскиот град Анталија.
Бројот на меѓународни посетители во 200 градови е зголемен за 76 проценти во последните 10 години.
Извор: denar.mk