Педесет и двегодишен возач од Осиек, Хрватска, е казнет со парична казна од дури 76.000 куни (околу 10.200 евра) и со забрана за возење во период од две години, бидејќи во исто време направил дури пет прекршоци, со што ја заработил највисоката парична казна за сообраќаен прекршок досега изречена во Хрватска.
Тој во алкохолизирана состојба предизвикал судир, а потоа одбил да запре и избегал од полицијата на црвено. Освен тоа, возел иако неговата дозвола била привремено одземена, пренесува „Индекс.хр“.
Осиечката полиција вчера соопшти дека уапсила 52-годишен маж, кој со неприспособена брзина и со 2,8 промили алкохол во крвта, во вторникот удрил во паркирани автомобили и продолжил да вози и покрај полициска наредба да застане. На крстосница, тој минал на црвено светло на семафорот и дури подоцна застанал.