Адеми: Годинава почнува реформата за предметот по физичко во прво одделение – ММС
ММС

Објавено на: 09/5/19 8:10 AM

Адеми: Годинава почнува реформата за предметот по физичко во прво одделение

Дистрибуцијата на учебниците во училиштата ширум земјава се одвива според утврдената динамика и нема простор за загриженост – тврди министерот за образование и наука, Арбер Адеми. Според него, тоа се учебници кои Министерството ги обезбедува преку постапка на откуп, со што одредени издавачки куќи имаат ексклузивни права се’ додека учебникот има одобрение за употреба. Освен тоа, има учебници кои допрва треба да се печатат, но понудите за печатење, надлежното Министерство се уште ги евалуира, по што преку електронска аукција ќе се одредува компанијата што ќе ги печати учебниците за кои Министерството ги има авторските права.

Во меѓувреме, Адеми информира  дека годинава во прво одделение има тандем наставници за предметот физичко образование, а реформата која ова го предвидува и за повисоките одделенија треба да биде заокружена за пет години.

Реформата „тандем-партнер наставници“, (одделенски наставник и предметен наставник на часот по физичко и здравствено образование) е предвидена од прво до петто одделение, а целта е подобрување на квалитетот на наставата по физичко образование, со цел унапредување на физичките способности, моторните вештини и знаења од областа на физичката и здравствена култура.