Ивица Дачиќ, српскиот министер за надворешни работи, како што рече, нема големи очекувања од именувањето на специјалниот претставник на САД за западен Балкан, Метју Палмер, но затоа, како што изјави на Бледскиот форум, има големи очекувања од неговата сопруга.
Сопругата на Палмер, Даница, е родена белграѓанка по потекло од Црна Гора.
„Во нашиот регион се вели – од каде ти е жената, оттаму си и ти“, објасни Дачиќ.


