Охриѓанец е приведен поради обид за обљуба. Случајот во полиција го пријавила мајката на девојката.
Според информациите од МВР, на 03.09.2019 во Полициската станица Охрид е приведен Т.Р. од Охрид, откако 44-годишна жена пријавила дека Т.Р. се обидел да изврши обљуба врз нејзината ќерка. Известен е Центарот за социјална работа и јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.