Верни на стариот обичај: Секое прваче на првиот училиштен ден на учителката и’ носи жив петел – ММС
ММС

Објавено на: 09/4/19 12:08 PM

Верни на стариот обичај: Секое прваче на првиот училиштен ден на учителката и’ носи жив петел

Учителката Мила Шкориќ во училницата на 2 септември, првиот училиштен ден годинава, ја чекаа шест корпи, а во секоја од нив по еден жив петел. Токму толку првачиња има во селото Сусек, кај Беочин (Србија).

Велат дека традицијата е стара повеќе од еден век. Во тоа сремско село родителите одамна се навикнати на првиот училиштен ден да тргнат со своите деца-првачиња и да понесат жив петел за учителот или учителката, пишува порталот „Мој Нови Сад“.

Не се знае која е симболиката на тој обичај. Се претпоставува, бидејќи петлите стануваат први, дека од идните ученици се очекува да бидат ранобудни, точни и вредни.