Бугарија остро ја критикуваше изложбата за Втората светска војна што ја организира руската амбасада одбележувајќи го ослободувањето на источна Европа од нацизмот, наведувајќи дека тој регион, наместо тоа, бил подложен на репресија од страна на бајонетите на советската војска, а тоа траело половина век.
Во соопштението, Министерство за надворешни работи на Бугарија, која со децении беше „советски сателит“, а сега е „западна демократија“, ја повикува руската мисија во Софија да не зазема став во знак на поддршка на сомнителното историско тврдење, со кое доаѓањето на советските сили во 1944 година се третира како ослободување, пренесува „Ројтерс“.
Се наведува дека таквата позиција претставува мешање во натрешните работи на Бугарија, која сега е членка на ЕУ и на НАТО.