Ременски тврди дека имала церемонијална улога во невладината на Боки 13 – ММС
ММС

Објавено на: 09/4/19 11:51 AM

Ременски тврди дека имала церемонијална улога во невладината на Боки 13

Без детали за јавноста за случајот „Рекет“ по повеќе од два часа од распитот во Обвинителството излезе пратеничката и потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски. Ременски објасни дека била повикана во својство на лице кои има одредени инорфмации, како почесен претседател на невладината организација на Бојан Јовановски, Меѓународен сојуз. Во интерес на истрагата пратеничката не даде детали од исказот, но ја појасни својата улога во невладината организација.Таа прецизираше дека не сите што се фотографирале со Боки 13 значи дека се инволвирани во „Рекет“.

-Немам ништо против Јавното обвинителство да го истражи секој момент со моето повикување бо контекст на мојата улога во Меѓународниот сојуз. Почесното претседателство или почесното членоство не подразбира формално – правна обврска за одлучување. Почесното претседателство се дава како еден вид признание за одредени активности во сфера која ги  допира активностите на организацијата, јас така го разбирам, изјави Ременски.

Таа негираше дека се сретнала инвлолвираните во случајот „Рекет“, како Орце Камчев, Зоран Кичеец и Катица Јанева.

-Никогаш. Со индигнација ги отфрлам сите инсинуации. Се познаваме толку колку што и вие се познавате. Од телевизија, одговори пратеничката.

Ременски беше прашана дали чувствува грижа на совест по избувнувањето на аферата „Рекет“.

– Убаво е да се интересирате за одредени случаи, но сепак останатите прашања ќе ги оставам на надлежните органи. Ќе се воздржам од коментари дали мојата функцијата била злоупотребена или не. Квалификации за тоа што правел Меѓународниот сојуз ќе ги оставам на надлежните органи, по прашање на гриза на совест е индивидуална категорија на секој поединец и сите ние имаме одговорност и ситуации кога и другаруваме и сме во роднинска врска со луѓе кои сториле или не сториле нешто. Но, тоа не значи дека треба да имаме грижа на совест, изјави Фросина Ременски.

Таа е четвриот повикан неделава во Обвинителството за организиран криминал, во истрагата за случајот „Рекет“.