Бразилски министер до францускиот претседател: „Ти си Микрон, а не Макрон, кловну“ – ММС
ММС

Објавено на: 09/4/19 10:56 AM

Бразилски министер до францускиот претседател: „Ти си Микрон, а не Макрон, кловну“

Само што се потсмири вербалната војна меѓу бразилскиот претседател Болсонаро и неговиот француски колега Макрон, новиот бразилски министер за туризам повторно додал масло на огнот. И тоа побрутално, попримитивно.

Ренцо Гарсија, поранешен ММА борец и нов член на бразилската влада задолжен за туризам, рекол дека Макрон е “кловн” и се заканил дека ќе го задави.

“Единствениот пожар кој се случува е пожарот во бразилските срца и во срцето на нашиот претседател, кловну”, рекол Гарсија во видео снимка пратена до Макрон, или Микрон, како што го нарекол.

“Дојди тука! Ќе те фатам за врат, за тој пилешки врат. Нема да ме измамиш”, беснеел Гарсија.