Доријан ги „среди“ Бахамите, пристигнува на Флорида – ММС
ММС

Објавено на: 09/4/19 8:57 AM

Доријан ги „среди“ Бахамите, пристигнува на Флорида

Од американскиот центар за урагани потврдиј дека ураганот Доријан загубил од силината, но и натаму останува силна и опасна бура со ветрови од 195 километри на час.

Жителите на Бахамите доживеаја пеколна ноќ од разурнувачката моќ на ураганот Доријан што го зафати северниот дел на островот Гранд Бахами со поројни дождови и силни ветришта. Досега се знае за седум човечки жртви.

Метеоролозите очекуваат ураганот кој бавно се движи да го зафати југоисточното крајбрежје на Флорида во текот на денот.