Меѓународна конференција насловена „Урбана безбедност – зајакнување на безбедноста во урбанизираниот свет” ќе се одржи денеска во Охрид во организација на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет од Скопје, во партнерство со Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии од Сараево и со Факултетот за безбедност од Белград.
На конференцијата, како што е најавено, ќе учествуваат околу 100 учесници од Летонија, Португалија, Германија, Италија, Романија, Турција, Шпанија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и од нашата земја.
МИА