Голем пожар во Беровско – ММС
ММС

Објавено на: 09/4/19 6:06 AM

Голем пожар во Беровско

Месно население го гаси пожарот што вчера доцна попладне избувна меѓу селата Будинарци, Мачево и Владимирово. Како што синоќа информираше Зоран Ајтовски, командир на ТППЕ Берово, ситуацијата била тешка и барала активност на целокупното население.

-Наши екипи се на терен со повеќе пожарникари, возило и останати ресурси кои ги имаме на располагање. Ги алармиравме и противпожарните единици од соседните општини, а очекуваме уште поголема инволвираност на самото месно население кое и тоа како даде допринос во гаснењето, по првичната појава на пожарот – соопшти Ајтовски.

Повеќе детали за пожарот Ајтовски најави за денеска во утринските часови, кога ќе се знае колкава е причинетата материјалната штета. Очекувањата на командирот на беровската противпожарна единица се пожарот да биде изгаснат што поскоро, но ситуацијата е отежната зашто е темно. Засега нема информација за причините за пожарот.

МИА