Штипјанец и Струмичанец заработија кривични за криумчарење мигранти – ММС
ММС

Објавено на: 09/3/19 4:50 PM

Штипјанец и Струмичанец заработија кривични за криумчарење мигранти

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против дваесет и едногодишниот А.Ш. од Штип и дваесет и петгодишниот  А.Д. од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 17.06.2019 на магистралниот пат Радовиш – Штип, кај клучка за с.Тополница, при преглед на паркирано патничко возило „форд транзит“ пронашле 20 лица – мигранти од Бангладеш, додека во паркирано товарно возило „фолксваген транспортер“ пронашле 21 лице – мигрант (16 од Бангладеш и пет од Пакистан).  По преземени мерки било утврдено дека возилата ги управувале пријавените.