Поради конфликт на интереси, адвокатот Стеван Павлески одлучи да се откаже од застаувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која ја застапуваше во случајот „Рекет“.
Павлески беше мораше да се одлучува дали ќе ги застапува обвинитетите од слуачаите „Траекторија“’ и „Империја“ на СЈО или специјалната јавна обвинителка и анева. Павлески е адвокат и на бизнисменот Цветан Панделевски во предметот на СЈО наречен „Империја“ и на Љупчо Георгиевски во „Траекторија“.
-Точно е дека го откажав полномошното на госпоѓа Јанева, продолжувам да ги застапувам моите досегашни клиенти во предметите на Специјалното обвинителство – изјави за „САКАМДАКАЖАМ.МК“ адвокатот Павлески.За јавноста беше изненадување кога адвокатот Павлески се појави со Јанева кога таа даваше исказ пред обвинителката Вилма Рускоска. Откако ѝ беше определен притвор на Јанева, Рускоска бараше тој да се изземе или од одбраната на предметите што ги застапува на СЈО или од Јанева. Павлески се определи да ги брани обвинетите во предметите на СЈО.
За време на апсењето на Јанева, Павлевски тврдеше дека таа е жртва и дека тоа ќе го докажат.