Медиумските куќи направија детална анализа околу тоа, кои се 20-те најголеми трошачи на трансфер пазарот последните 10 години.
Ниеден клуб не може да се спореди со Манчестер Сити за трошоци за трансфери во текот на последната деценија.
Шампионите во Премиер лигата потрошиле 1,5 милијарди фунти за нови играчи.
Според базата на податоци на Transfermarkt, Сити има потпишано со 278 играчи од почетокот на сезоната 2009/10, и со тоа се рангираат како најголемите потрошувачи во Европа.
И покрај тврдењата на Пеп Гвардиола дека од негова страна не е потрошено богатство, поголемиот дел од нивните трошења дошле во изминатите три години.
Кевин де Бруин, Родри, Ријад Махрез, Жоао Кансело, Америк Лапорт, Рахим Стерлинг, Бенџамин Менди, Џон Стоунс и Кајл Вокер, сите постигнаа цена повисока од 50 милиони фунти за да му помогнат на Сити да ги освои последните две титули во лигата.
Со само 452 милиони фунти инкасирани од продажба во овој период, клубот има негативен биланс од 1,185 милијарди фунти што е далеку поголем од кој било друг од нивните ривали.
Барселона и Реал Мадрид го комплетираат подиумот за трошење пари со 1,33 милијарди фунти и 1,24 милијарди фунти соодветно, на околу 130 играчи.
Седум екипи ја поминаа границата од 1 милијарда фунти: Челси, Јувентус, ПСЖ и Манчестер Јунајтед го комплетираат тој список.
Но, Ливерпул и Атлетико Мадрид неизбежно ќе им се придружат после долго време.
Германците се 15-ти на европската табела на пари, зад Арсенал, Милан, Рома и Монако.
Монако е клучен клуб во однос на тактиката на трансфери.
Никој друг во првите 18 не може да се пофали со пазарен профит, а кнежевството продаде играчи во вредност од 893 милиони фунти откако потроши 730 милиони фунти.
Не само што ова ги вклучува заминувањата на Килијан Мбапе, Џејмс Родригез и Ентони Марсиал – тие имаат продадено и фудбалери како Гвидо Карило, Рахид Гезал и Теренс Конгоно во Саутемптон, Лестер и Хадерсфилд, соодветно, комбинирани за 50 милиони фунти.
Борусија Дортмунд, Севиља и Џенова – купија 695 играчи во текот на последната деценија – сите се во првите 30 за трошење, а сепак направија профит, но ниту еден не е на ниво со врвните клубови на Португалија.
Порто и Бенфика имаат собрано мега сума на пари од купување на пониска цена и продажба на повисока, во висина од 381,5 милиони фунти и 592 милиони фунти, соодветно.
Ниту еден клуб не оствари исто толку профит како лисабонскиот тим Бенфика со неверојатни 29 играчи кои заминаа за над 10 милиони фунти, а Жоао Феликс стана нивен рекорден трансфер од 113 милиони фунти на Атлетико Мадрид ова лето.
Извор: denar.mk