Во еден ден на две соседни улици во Штип гореа две возила – ММС
ММС

Објавено на: 09/3/19 2:45 PM

Во еден ден на две соседни улици во Штип гореа две возила

Улиците „Брака Даневи“ и „5-ти Конгрес“ се две соседни улици во Штип, каде полицијата во едно деноноќие вршеше увид по пријава за две запалени возила.

СВР Штип соопшти дека во неделата наутро,(01.09.2019 год.) во 08.16 часот во штипската полиција било пријавено дека истиот ден околу 06.15 часот на ул.„5-ти Конгрес“ во Штип настанал пожар во патничко возило „Застава“, сопственост на М.К. од Штип. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Штип.

На 02.09.2019 година во 10.38 часот во СВР-Штип Ј.Т.(40) од Штип пријавил дека на 01.02.09.2019 година настанал пожар на неговото ПМВ Пежо 107 паркирано на ул.„Брака Даневи“ во Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Штип.