Чајот од цвет од липа се користи традиционално како помош при вознемиреност, респираторни инфекции и дигестивни проблеми.
И навистина, чајот од липа ќе ви помогне да се опуштите на самиот крај на денот. Овој пијалок делува смирувачки на нервниот систем и благодарение на благото седативно дејство се препорачува за ублажување на симптомите на анксиозност и стрес. Помага да се релаксираат мускулите така што може да ја намали и главоболката.
Овој чај, исто така ја подобрува циркулацијата и го стимулира потењето така што се користи и за намалување на покачена температура кај настинки и грип. Помага при лекување на бронхитис, и го смирува иритираното грло и кашлицата која може да се појави поради алергии или сув и ладен воздух. Чајот од липа делува и како деуретик и ја стимулира елиминацијата на акумулираната течност од телото.
Друга причина зошто секогаш би требало да имате чај од липа дома е нејзиниот корисен ефект врз дигестивниот тракт. Овој чај помага при болки во стомакот заради надуеност, гас, грчеви и дијареја.
Самиот чај се прави така што супена лажица цвет од липа ќе го прелиете со 200 ml врела вода. Садот затворете го и оставете го да отстои 10 минути. Чајот потоа треба да се процеди и по желба да се заслади. Се препорачува да се пие 2 до 3 чаши чај на ден.
Извор: denar.mk