На распит повикана и Фросина Ременски – ММС
ММС

Објавено на: 09/3/19 2:15 PM

На распит повикана и Фросина Ременски

Пратеничката и поранешна функционерка на СДСМ, Фросина Ременски, се очекува утре да се појави во Јавното обвинителство каде би требало да даде исказ во врска со случајот „Рекет“.

Ременски, која воедно е и почесна претседателка на Меѓународен сојуз на Боки 13, во неколку претхдони наврати ги отфрлаше гласините и сомненијата за вмешаност во аферата заедно со дека заедно со нејзиниот сопруг.

Ваквиот развој на настаните доаѓа откако денеска Александар Кирацовски, исто така пратеник на владејачката СДСМ, ги повика политичарите кои се наоѓаат на фотографии со осомничените од „Рекет“ или пак со нив се дружеле, да дадат исказ во Обвинителството за да, како што посочи, „се неутрализираат“ лажните вести и шпекулации.

(360 степени)