На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“ поради застарување – ММС
ММС

Објавено на: 09/3/19 1:17 PM

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“ поради застарување

На новинарот Томислав Кежаровски нема да му се суди за случајот „Ликвидација“, поради застарување на кривичното дело за кое се гонеше, односно за откривање на идентитет на заштитен сведок.

На денешното судско рочиште, обвинителката Марија Ѓорѓева го прецизираше обвинителниот акт, при што соопшти дека поголемиот дел од кривичната дела за кои се гонеа обвинетите се застарени.

Освен Кежаровски, судењето запира и за поранешниот истражен судија Валентина Зафиров и тоа за две кривични дела, за адвокатот Сашко Лазаров и за Јане Павловски Тица.

Едно кривично дело е застарено и за поранешниот обвинител Ивица Ефремов, но ќе продолжи да му се суди за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „неовластено држење на оружје“.

Ќе му се суди и на екс судијата Иле Танев за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Судијата Осман Шабани истакна дека судот ќе донесе решение. (Фокус)