Пред седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, закажана за во четврток во 12 часот, каде ќе се разгледува Извештајот за разрешување на Катица Јанева од Советот на јавни обвинители, претседатлелот на оваа Комисија Илија Димовски, најави дека ќе бара декласификација на материјалот. Димовски смета дека законот предвидува одлуката за тоа дали седницата ќе биде отворена е одлука која се носи со двотретинско мнозинство и седницата треба да биде отворена за јавноста. Додека за тоа дали материјалот за Јанева ќе биде декласифициран, е одлука на оној кој што го создал материјалот – во случајов на Советот на јавни обвинители. Тоа значи дека овој Совет треба да донесе одлука за декласификација на материјалот. Димовски смета дека материјалот има висок јавен интерес и поради тоа треба да биде декласифициран.
Димовски, кој даде првична оценка дека извештајот е обемен и содржи доволно елементи Јанева да биде разрешенеа од функцијата специјален јавен обвинител.