Спасот од оваа неспособна власт се само предвремени избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ – ММС
ММС

Објавено на: 09/2/19 3:54 PM

Спасот од оваа неспособна власт се само предвремени избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ  повторно побара предвремени парламентарни избори, обвинувајќи ја власта дека е распничка и неспсобна.

Денеска на прес конференција, потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски се осврна на капиталните инвестиции, забележувајќи дека во последните три години не се гради ништо.

„Оваа власт за 7 месеци реализираше едвај 24.5% од годишно планираните капитални инвестиции, во време кога реализираниот дефицит и социјални трансфери се над 50%. Тоа е показател дека државата е ставена на апарати за дишење, не се гради ништо, не се прави ништо. Неработата се гледа и во бројките и официјални статистички податоци кои ги објавува ДЗС, имено во јуни месец 2019 година имаме за 1.5% помалку издадени одобренија за градење отколку во јуни месец 2018 година, а вредноста на објектите за коишто се издадени овие одобренија за градење е за 23% помала отколку за истиот тој месец во 2018 година“, изјави Мисајловски.

Тој изрази незадоволство и од странските инвестиции во вториот квртал од ова година, но смета дека состојбата е лоша и кај наплатата на даноци:

„Власта која предвидуваше дека ќе има зголемување на наплатата на даноци за 9.02%, собра 8.57% помалку даноци од она што сами планираа. Односно од планираните 51.1 милијарда денари за период јануари – јули, власта собрала 46.7 милијарди денари. Ова укажува дека и стопанството тоне и тоа во континуитет“.