Македонската фудбалска селекција денеска во Скопје започна да се собира за за двата натпревари со Израел и Летонија на гостински терен.
Бобан Николов, смета дека е важно како ќе одигра Македонија, а не противникот.
– Не чекаат два многу тешки натпревари, мислам дека можеме да ги добиеме и двата, зошто да не. Сакаме уште да се докажуваме и да покажеме дека тоа беше само слаб ден со Австрија. Но, што било поминало, сега е најважно што не чека понатаму, оваа репрезентација многу ветува и покажала квалитет. Не одиме да се браниме, одиме на победа, мило ми е што играчите се здрави, едвај чекам да ги видам моите колеги, и мислам дека заедно ако се сплотиме, мислам дека нема да имаме проблеми. Ако бидеме фокусирани како со Полска, ќе немаме проблем. Најважно е како ние ќе одиграме, а не противниците, смета Николов.
На првиот собир во хотел „Парк“ ќе недостасуваат капитенот Пандев, Трајковски, Тричковски, Несторовски и голманот Димитриевски кои утре во израелски Ашдод ќе му се приклучат на тимот.
Извор: sportclub.mk