Избегнувајте да пиете кафе веднаш штом отворите очи – ММС
ММС

Објавено на: 09/2/19 1:59 PM

Избегнувајте да пиете кафе веднаш штом отворите очи

Пиењето кафе веднаш штом ќе се разбудите не се препорачува, бидејќи може да има контрапродуктивно дејство.

Поточно, тоа може да создаде зависност од кофеин. Нашето тело наутро лачи кортизол, хормон на стрес, поради што не прави да се чувствуваме будни, така што кафето не ни е потребно. Напротив, тоа само може дополнително да влијае на производството на споменатиот хормон.

Имајте на ум дека нивото на кортизол во човечкото тело е на највисоко ниво три пати на ден: пред девет часот, помеѓу 12.00 и 13.00 часот и во период од 17:30 и 18:30 часот. Остатокот од времето е идеален за пиење кафе. Затоа одлучете сами кога ќе уживате во омилениот црн пијалак.

Извор: denar.mk