Блиска средба со мечка во Хрватска: Да не беа двете мои верни кучиња, мечката ќе ме изедеше – ММС
ММС

Објавено на: 09/2/19 12:33 PM

Блиска средба со мечка во Хрватска: Да не беа двете мои верни кучиња, мечката ќе ме изедеше

 

„Моите кучиња, лабрадорите Нера и Теди, ми го спасија животот кога ме нападна голема мечка. Да не беа тие сега веројатно немаше да зборувам со вас“, раскажува за риечки „Нови лист“ пензионерот Божо Некиќ од Вратник на Велебит, кој во болницата во Риека заздравува од здобиените рани од нападот на мечката во планинскиот предел кај Вратник.

Тој отишол во попладневни часови таму да ги прошета двете кучиња. Седнале малку да одморат. Тој на еден камен, а кучињата покрај него.

„Ни јас ни кучињата не ја ни слушнавме ни видовме мечката. Одненадеж го слушнавме нејзиониот силен рик. Се свртев назад и ја гледам како крената стои на двете задни нозе. За секунда скокна до мене. Во рацете имав мобилен телефон и стап. Веднаш ми го скрши мобилниот, го зграби и стапот, го прегази, а потоа ми го скрши и одгриза палецот на левата рака. Кучињата скокнаа на неа. Лаеја, се обидуваа да ја избркаат. Мечката се сврте кон нив, па јас искористив и почнав да се качувам на блисото дрво. Мечката ме виде и пак тргна по мене. Со забите ме фати за стапалото и се обидуваше да ме симне. За среќа, кучињата постојано ја вознемируваа и напаѓаа мечката, па таа некако си замина во шумата“, раскажува Некиќ.

Силно крварел и од раката и од ногата, а со скршениот мобилен не можел да бара помош. Со последните атоми на силата, сепак, некако успеал да стиге до првото населено место.