Според податоците што хрватски „Пословни дневник“ ги добил од Хрватската туристичка заедница, во текот на оваа година Хрватска ја посетиле 16,4 милиони туристи кои оствариле 90 милиони ноќевања што, во просек, е за околу три отсто повеќе од лани.
Судејќи според првичните резутати што доаѓаат од другите медитерански земји, Хрватска годинава очекувано помина многу послабо од Турција, но подобро од Грција, која бележела минуси. Турција во првите седум месеци од годинава угостила 24,7 милиони туристи, што е 14 отсто повеќе од лани.


