Синдикатот на Клинички центар го поддржува штрајкот на СОНК – ММС
ММС

Објавено на: 09/2/19 12:15 PM

Синдикатот на Клинички центар го поддржува штрајкот на СОНК

Синдикатот на Клинички центар денеска соопшти дека го поддржува предупредувачкиот штрајк на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК.

Здрава и образована популација се основа за развој на едно демократско и високо развиено граѓанско општество. Суштински елемент за формирање на квалитетен кадар се стручни и посветени на својата работа просветни работници. Професионалноста е поврзана со добра организација на образовниот систем, а мотивираноста кон работата е директно зависна од чувството на правилно вреднување на трудот и знаењето на работникот. Само стручен и мотивиран просветен работник може да создаде правилно формирани професионалци во работата – стои во соопштението од Синдикатот на клиничкиот центар од каде додаваат:

Одговорна Влада која се стреми кон систем сличен на високоразвиените демократии, треба да го реализира своето ветување и програма, и соодветно, а не со непристојни предлози да ги вреднува оние кои се одговорни за создавање на здрава и образована нација.