Ставен е под контрола пожарот кој вчера избувна и се рашири на териториите на двете општини,Карбинци и Пробиштип.
Битката на пожарникарите и месното население траеше некаде до еден часот по полноќ, не информираше утрово, градоначалникот на општина Карбинци , Јордан Насев.
Се уште имало жаришта каде што гори трева , но тие не претставувале опасност за повторно активирање на пожарот.
Според информациите од Насев, во гасењето на пожарот се вклучиле околу педесетина жители ,сите пожарникари и возила од штипската ТППЕ а на помош пристигнале и противпожарни екипи од Пробиштип, Кочани и Велес.
Противпожарните возила не можеле да пристапат кон теренот кој беше зафатен.Огнот се гасеше со рачни пумпи и метли.
,,Не беше дозволено пламените јазици да ги зафатат куќите во селата а спасени се и сточарските стопанства кои што можеа да настрадат со пожарот. Беше договорено утрово да се вклучат хеликоптери на АРМ , но со оглед на тоа што пожарот ноќеска беше ставен под контрола беа откажани,“вели Насев.
Инаку пожарот вчера попладне избувна во атарот над селото Долни Балван, помеѓу селата Горно и Долно Трогерци за потоа се прошири и на територија на општина Пробиштип.
Огнените јазици и чадот можеа да се видат и од градот Штип.