Споменикот на претседателот на САД, Доналд Трамп, се наоѓа во местото Села При Камнику, на триесетина километри од Љубљана. Висок е седум метри, направен е од дрво и веројатно на американскиот претседател нема да му се допадне, пишува „Вашингтон пост“.
Споменикот е поставен така што Трамповото лице гледа во правец на Севница, родното место на неговата соруга Меланија, која неодамна, кај Севница, доби споменик на кој, како што коментираат многумина Словенци, таа личела на Штрумфета.