Камион удрил во пешак во Куманово – ММС
ММС

Објавено на: 08/30/19 11:54 AM

Камион удрил во пешак во Куманово

Товарно моторно возило „там” со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Е.(53) од Куманово, вчера на ул. „13-ти Ноември“ удрило во пешак Б.А.(31).

„Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Куманово“, информираат од МВР.