Демолиран зелениот покрив на ГТЦ: Безбедносните камери го „фатија“ сторителот (Видео) – ММС
ММС

Објавено на: 08/30/19 10:01 AM

Демолиран зелениот покрив на ГТЦ: Безбедносните камери го „фатија“ сторителот (Видео)

Зелениот покрив на Градскиот трговски центар во Скопје е демолиран од едно лице, кое е снимено од безбедносните камери. Видеото од настанот утрово осамна на социјалните мрежи, откако беше објавено од градоначалникот Петре Шилегов.

-Зелениот кров на ГТЦ … И сторителот !!! Нема да застанеме заради вакви „луѓе”. Скопје ќе го биде. Сакал некој или не – напиша Шилегов.

Проектот „Зелен покрив на ГТЦ” беше промовиран во февруари годинава. Тој ќе зафати површина од 1.600 квадратни метри со цел враќање на загубеното зеленило во Скопје.

https://www.facebook.com/petreshilegov/videos/2979591698932075/