Од владејачката СДСМ велат дека не се за предвремените избори, а доколку би се одржале, тогаш најдобра опција е октомври 2020 година, но никако пред одлуката за почеток на преговори со ЕУ и самитот на НАТО во Лондон.
Впечатокот на партијата е дека ќе победат доколку утре се одржат избори – брифираат високи партиски извори.
Оттаму велат дека се задоволни од процесот околу усогласувањето на законот со опозицијата и нагласуваат дека за нив најдобро посакувано решение е законот да се изгласа со консензус на собраниската седница закажана за 10 септември. Доколку не се постигне договор, како што брифираат, тогаш Советот на јавни обвинители ќе треба да назначи в.д. специјален обвинител на СЈО. Според нив, предметите на СЈО треба да продолжат од точката до која се стигнати, додека за предистрагите и истрагите што се водат во СЈО треба да одлучи јавен обвинител дали тие ќе продолжат.
-Има сериозни шанси да се постигне договор со опозицијата за законот за јавно обвинителство со кој се решава идниот статус на Специјалното јавно обвинителство – брифираат изворите од СДСМ. (НОВА)